Пораст на температурите од утре – еве какво време не очекува за Велигден
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи.
Како што најавуваат од УХМР, во петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.
Пораст на дневните температури ќе има од четврток, кој ќе биде позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни