Македонија

Портокалова фаза: Температурите низ Македонија ќе скокнат над 40 степени!

Портокалова фаза: Температурите низ Македонија ќе скокнат над 40 степени!

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од утре (12.08) до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено топло ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 40°C и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

И покрај високите температури од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни