Поради одржувањето на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан, денеска и утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје ќе спроведе засилени мерки за безбедност и ќе воведе ограничувања на движењето по дел од сообраќајниците во поширокото централно градско подрачје.
„СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот“, соопштуваат од МВР.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките и наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и успешно спроведување на меѓународната средба.
МВР препорачува граѓаните да ги користат алтернативните правци за движење и да покажат трпение и разбирање за воведените мерки.