Македонија

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница, изменет режим околу градските гробишта

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница, изменет режим околу градските гробишта

Зголемена фреквенција на возила се очекува утре на улиците околу скопските гробишта по повод верскиот празник Задушница, поради што полицијата ќе воведе посебен режим на сообраќај. Мерките имаат цел да овозможат безбедно и непречено движење на граѓаните кои ќе ги посетуваат вечните почивалишта на своите блиски.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 7 ноември 2026 година, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот.

Посебен режим ќе биде воведен од 06:00 часот кон градските гробишта „Бутел“, каде движењето на возилата ќе се одвива еднонасочно, односно кружно.

Возилата што ќе се упатуваат кон гробиштата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе свртат лево по улицата „Александар Урдаревски“, повторно лево по „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата.

За излез од гробиштата, возилата ќе се движат десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улицата „Кемал Сејфула“.

Посебен сообраќаен режим ќе биде воспоставен и во околината на гробиштата „Камник“, во Драчево и во Ѓорче Петров.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сигнализација и насоките и наредбите на полициските службеници, со цел да се избегнат метежи и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни