Македонија

Посебна соба, посебно јадење – еве како ќе биде чуван Палевски во затворот Шутка

Посебна соба, посебно јадење – еве како ќе биде чуван Палевски во затворот Шутка

Попладнево во Македонија е екстрадиран првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо.

Тој пристигна со редовен лет на Туркиш Ерлајнс на скопскиот аеродром во 19:30 часот и директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје попознат и како Шутка.

Според информациите на СДК.мк, неодамна била спремна посебна соба за Палевски и истиот ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓало преку посебен ходник.

Како што пишуваат, тоа е поради безбедносен ризик.

Палевски ќе биде прегледан од лекар за детален медицински преглед, по што ќе биде потстрижан и ќе му биде даден затворски комбинезон.

Исто така, храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот ќе шета сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни