Македонија

После инцидентот со сквернавењето на македонското знаме: Пратеници и функционери на СДСМ ја смениле фотографијата на профилите

После инцидентот со сквернавењето на македонското знаме: Пратеници и функционери на СДСМ ја смениле фотографијата на профилите

После синоќешниот инцидент и сквернавењето на македонското знаме на прославата во Скопје на албанското знаме од дел од славениците, денеска многу реакции има во јавноста.

Пратеници и функционери од редовите на СДСМ на социјалните мрежи поставија фотографии со македонското знаме.

Венко Филипче, лидерот на СДСМ фотографијата на профилот ја замени со македонското знаме. Истото го сторија и Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Каја Шукова, Јована Тренчевска …

Од опозицијата уште вчеравечер ги осудија инцидентите и сквернавењето на македонското знаме.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни