Подгответе го ручекот, најважно е да биде вкусен, заситен, но и брзо да го подготвите. Рецептот за оваа мусака ги исполнува сите три критериуми. За љубителите на компири ова ќе биде идеален оброк. Во посните денови, мусаката од компири и ориз може да биде комплетен ручек, но е и идеален прилог со месо.
Состојки: 600 гр компири, 50 гр ориз, 1 поголем кромид, 100 мл масло, сол, бибер.
Подготовка: Излупете ги компирите и исечете ги на подебели листови. Измијте го оризот и исечете го кромидот на ребра. Подготвените компири зачинете ги по вкус и половина од количината наредете ги во тавче подмачкано со масло. Наредете го целиот ориз врз компирите (кои не треба да се сварат), а над оризот повторно лесно зачинете. Наредувањето на мусаката завршете го со другата половина од компирите, потоа прелијте со маслото, а одозгора прелијте со вода за да го допре горниот слој од компирот. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ја мусаката околу 40 минути, внимавајќи да не изгори.
