ПОСНИ ЛЕПЧИЊА: Одлично одат со сите јадења

Одат со се, со варени и печени јадења, идеални се за паштета, намази, со џем или шеќер (во тој случај не ставајте зачини во тестото).

Одма се печат, не чекаме ништо да нараснат. Одлични се дури и кога немате квасец.

Еве што ви е потребно:

  • 500 грама брашно
  • 350 милилитри млака вода
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка лук во прав (по избор)
  • 1 лажичка суви листови од јаглика (по избор)
  • 2 лажички прашок за пециво
  • Малку бибер (по избор)

Подготовка:

Сè измешајте и замесете, расукајте со сукало, завиткајте како палачинка или ролат. Исечете ги полжавите, расукајте ги со сукало во големина на чинија за кафе. Загрејте тавче, печете ги лепчињата на средна температура околу 1,5 минута од едната и 1,5 минута од другата страна. Додека се уште топли и свежо печени, покријте ги со крпа да бидат уште помеки.

Напомена: Можете да ги направите неколку одеднаш и да ги користите во следните 2-3 дена. Можат и да се загреат, во рерна или во тава, покриени.