Македонија

Поставен камен-темелник на нова македонска црква во Берлин

Поставен камен-темелник на нова македонска црква во Берлин

Во Берлин денеска беа поставени темелите и осветен новиот храм на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, посветен на „Св. Климент Охридски”, извести Европската епархија на својот Фејсбук профил.

Осветувањето на храмот го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот на Европската епархија г. Пимен и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, како и со бројни свештенослужители од МПЦ-ОА.

По чинот на осветување, беше одржана архиерејска литургија, а потоа следеше културно-уметничка програма со настапи на Ангел Стојкоски, музичката група „Доминанта“ и фолклорниот ансамбл „Македонско Сонце“ од Диселдорф.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни