Македонија

Потпишувањето на Протоколот – историски ден, државните челници и партии го поздравија

Претседателот на земјава, Ѓорге Иванов го поздрави потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во Алијансата. Тој рече дека, за жал, останува факт дека на потпишувањето на Протоколот му претходеше Преспанскиот договор кој според него предизвика штета на македонските национални интереси. Од друга страна, премиерот Зоран Заев оцени дека со влегување на земјава во НАТО ќе има стабилност и дека земјата ќе стои рамо до рамо со земјите членки на НАТО.

И политичките партии го поздравија денешниот чин.

Потпишувањето на Протоколот го поздрави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што рекоа дека токму на оваа партија и припаѓаат заслугите за членството во НАТО.

Протоколот го поздравија Алијанса за Албанците и Движење Беса.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни