Македонија

Потрагата продолжува, сè уште не е пронајдено телото на бугарскиот државјанин кој исчезна во водите на Охридското езеро

Потрагата продолжува, сè уште не е пронајдено телото на бугарскиот државјанин кој исчезна во водите на Охридското езеро

Втор ден продолжува потрагата по 52-годишен бугарски државјанин кој исчезнал во водите на Охридското Езеро.

Од охридската полиција утрово за 4NEWS.mk потврдија дека телото сè уште не е пронајдено, демантирајќи ги гласините што се проширија од двете страни на границата.

Во акцијата се вклучени полициски специјалци, нуркачки тимови и Црвениот крст. Спасувачките екипи го пребаруваат особено делот кај селото Трпејца, каде што се губи трагата.

Според пријавата, мажот исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во најстарото езеро во Европа.

Поврзана објаваБугарин исчезна при нуркање во Охридското Езеро

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни