Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, придружувана од економскиот советник, Рајан Милер.
Спасовски и во оваа прилика изрази благодарност кон амбасадорката на САД, Агелер за поддршката што Владата на Соединетите Американски Држави години наназад и ја дава на Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси кои се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.
Како стратешки цели на кои Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија беше целосно фокусирано изминатиов период , министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупцијата, компјутерскиот криминали, миграцијата и борба против тероризмот.
Најголем дел од поставените цели на ниво на МВР успешно и на високо професионално ниво беа реализирани со постигнати одлични резултати, за што добивме признание и честитки и од високите претставници на администрацијата во САД со кои неодамна министерот Спасовски оствари работни средби во Вашингтон.
Амбасадорката на САД, Агелер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската амбасада и Владата на САД за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.