Свет

Повеќе од 200 планинари заглавени во снежна бура на Монт Еверест

Повеќе од 200 планинари заглавени во снежна бура на Монт Еверест

Силна снежна бура ги погоди падините на Монт Еверест во Тибет, автономниот регион на Кина, и во тек е потрага по повеќе од 200 планинари кои беа заглавени таму, објавија кинеските медиуми блиски до владата.

Спасувачките екипи успеаја да стапат во контакт со секој од нив.

Досега се пронајдени 350 лица и однесени на безбедно место.

Многу туристи тргнаа да ја искачат источната страна на Монт Еверест за време на викендот, почетокот на Златната недела во Кина, традиционален осумдневен празник.

Снежна бура започна вечерта на 10 октомври на источните падини на планината, популарна меѓу планинарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни