Повреден пожарникар при гасење пожар во Штип

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Штип соопшти дека денеска околу 15 часот избувнал пожар  штипската населба „Сењак”. При интервенцијата еден пожарникар е полесно повреден.

Било веднаш интервенирано, но поради силината на пожарот дополнително се повикани уште 2 противпожарни (ПП) возила и 7 пожарникари коишто не биле на смена, па вкупно пожарот го гаселе 4 ПП возила и 13 пожарникари.

Пожарот бил изгаснат околу 17,30 часот. Изгорена е кровната конструкција и поткровјето на куќата .

При интервенцијата еден пожарникар полесно се повредил.

Екипа штипската полиција е на лице место, за да ги утврди причините за пожарот.