Балкан

ПОВТОРНО ДРАМА НА СПЛАВ: Почнал да тоне, паника кај гостите!

ПОВТОРНО ДРАМА НА СПЛАВ: Почнал да тоне, паника кај гостите!

Вчера се случи инцидент на сплавот „Lemon chilli“ на кејот Земун.

Според присутните, сплавот во еден момент почнал да тоне, што предизвикало општа паника.

– Наеднаш во сплавот почна да навлегува вода – изјави за Курир еден од присутните гости.

Поради ова настанала паника кај големиот број посетители на сплавот, кои штом можеле излегле надвор.

-Кога почна песната ‘Аеробик’ сите почнаа да скокаат и тогаш влезе водата – додава сведокот на настанот.

Засега нема информации дали има повредени.

Да потсетиме, ова не е прв сличен случај во Белград. Сплавот „Фристајлер“ потона на новогодишната ноќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни