Македонија

Повторно гужва на границите, се чека до 45 минути

Повторно гужва на границите, се чека до 45 минути
Денес поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на граничниот премин Табановце за влез е околу 30 минути, а на граничните премини Богородица и Дојран за излез од земјава околу 45 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ потсетуваат дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава е воведен летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури и тоа во петок од 17 до 22 часот, во сабота од 09 до 18 часот и во недела 09 до 22 часот. На магистралниот пат Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали – петок од 15 до 22 часот, сабота од 07 до 12 и од 18 до 24 часот и во недела од 07 до 22 часот.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни