Повторно промена на времето: Ни доаѓа пороен дожд и грмежи

Од утре до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Од четврток до сабота дневната темпаратура ќе биде во постепено опаѓање

Во Скопје времето во следните денови ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во четврток и петок, особено попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното