Македонија

Повторно пукање во Арачиново, еве ги деталите!

Повторно пукање во Арачиново, еве ги деталите!

Вчера околу 23:40 часот во СВР Скопје, од страна на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ стигнало пријава дека претходно вечерта (околу 20:30 часот) кај нив било донесено 19 годишно момче од с. Арачиново.

Се работи за 19 годишниот Б.Р. кој завршил на клиниката со прострелна рана од огнено оружје.

Според пријавата, околу 20.00 часот во с.Арачиново, по претходна расправија, едно лице од огнено оружје пукало кон 19-годишниот Б.Р.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни