Пресудата е нејасна, неразбирлива и неподобна. Со вакво образложение, Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите.“
За двајцата директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои првично беа осудени на условни казни затвор , ќе има ново судење додека пак докторот Бобан Вучевски, доби потврда на ослободителната пресуда… Тетовскиот суд минатата година изрече првостепената пресуда за тројцата обвинети за пожарот во модуларната болница, во која животот го загубија 14 лица…Но како што велат од апелациониот суд во гостивар, првостепениот суд не постапил доволно внимание за со сигурност да ги утврди сите релевантни факти.