Македонија

Пожар и во стан во Аеродром, во болница две лица!

Пожар и во стан во Аеродром, во болница две лица!

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74). 

Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни