Во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром кај автобуската постојка последна 5-ка, попладнево околу 16 часот избувна пожар на тераса од станбена зграда.
Горел дел од терасата, а густ црн чад се издигал од балконот на станот на последниот кат од зградата.
Пожарот предизвикал вознемиреност кај жителите кои ги тргнале своите автомобили кои биле паркирани под балконот зафатен од пожарот, бидејќи изгорени парчиња паѓале од терасата.
Екипите на скопската противпожарната бригада за кратко време успеале да го изгаснат огнот на терасата.
Засега нема информации за причините за пожарот, a не е познато дали огнот ја зафатил и внатрешноста на станот.