Македонија

Пожар избувнал во стан во скопската населба Мичурин, нема повредени

Пожар избувнал во стан во скопската населба Мичурин, нема повредени

Во скопската населба Мичурин денеска избувнал пожар во стан на четвртиот кат од зградата.

Според информации, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш излегле на терен со неколку возила и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Очевидци потврдуваат дека огнот е целосно ставен под контрола и дека, за среќа, нема повредени. Меѓутоа, пожарот предизвикал значителна материјална штета во станот каде што избувнал.

Засега не се познати причините за избувнувањето на огнот, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни