Балкан

Пожар во Албанија: Три лица повредени, евакуирани околу 2.000 жители

Пожар во Албанија: Три лица повредени, евакуирани околу 2.000 жители

Три лица се повредени, а околу 2.000 жители беа евакуирани поради голем пожар што изби во близина на градот Делвина, во јужна Албанија.

Заменик-градоначалничката на Делвина, Брунилда Мелеќи, изјави дека повредените лица претрпеле изгореници и се задушиле од вдишување чад. Тие се хоспитализирани и им се укажува соодветна медицинска помош.

Таа изјави дека шест села се евакуирани и дека пожарот уништил црква и 11 куќи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни