Македонија

Пожар во комуналното претпријатие во Кочани, оштетени четири возила

Во пожар што избувна вечерва во стопанскиот двор на комуналното претпријатие „Водовод“ во Кочани оштетени се четири возила за собирање отпад и за други намени.

Огнот бил забележан од дежурните работници во претпријатието по што веднаш била повикани екипи на Територијалната противпожарна единица кои успеале за краток период да го локализираат и да го стават под контрола. Сепак, според првичните согледувања направена е сериозна материјална штета, а едно возило е скоро целосно изгорено.

Увид на местот на настанот прави екипа од МВР и судија на претходна постапка за да се утврдат причините за пожарот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни