Македонија

Пожар во куќа во Струмица: Пожарникарите наишле на маж кој бил во пламен

Пожар во куќа во Струмица: Пожарникарите наишле на маж кој бил во пламен

Во просторија од куќа во Струмица пожарникарите при гаснење на пожар наишле на маж, кој во моментот кога го нашле се’ уште бил во пламен. Како што соопштија од ТППЕ Струмица, пожарот настанал на ул.„Широк дол“ во Струмица, денеска во 12.35 минути, пишува ММС.МК.

Пожарникарите интервенирале со едно протипожарно возило и четворица пожарникари-спасители на гасење на запалена просторија од куќа.

Причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни