Ноќеска, семејна куќа во селото Младо Нагоричане, во маалото Аљинце, била опожарена откако огнот избувнал во подрумскиот дел на објектот.
Според информации од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот го гаснеле екипи од Територијалните противпожарни единици од Куманово и Старо Нагоричане.
Две противпожарни возила со тројца пожарникари од Старо Нагоричане и петмина пожарникари од Куманово пристигнале на местото на настанот неколку минути по полноќ. Пожарот во подрумските простории бил целосно изгасен дури во 02:25 часот.
Од РЦУК известуваат дека е причинета поголема материјална штета, чии размери, како и причините за избувнувањето на огнот, ќе се утврдуваат.