СВР Скопје информира дека вчера во попладневните часови од противпожарната бригада добиле известување дека бил пријавен пожар во кругот на „МЗТ“ во фирма (погон ковачница и заварување) додека вработените работеле, од непознати причини настанал пожар под плочата, при што бил опожарен доводен кабел за струја.
Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.
Се вчитува...
