Македонија

Пожар во парк-шума Гази Баба, екипите на терен

Пожар во парк-шума Гази Баба, екипите на терен

Попладнево избувна пожар во парк-шума Гази Баба во Скопје. На терен интервенираат екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје кои се обидуваат да го локализираат огнот и да спречат негово ширење кон поголеми зелени површини и населени места.

Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот.

Од надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во вакви екстремно топли услови.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни