Регионалниот ЦУК Куманово во 17.46 часот извести дека по остварениот контакт во 15,30 часот со заменик командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека екипата со две ПП возила и седум пожарникари е се уште на терен за гаснење на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак, како што беше информирано во почетокот на противпожарната акција на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце, Кумановско.
Истовремено е известено дека една екипа на ТППЕ Куманово интервенира од 16.15 часот на опожарена сува трева и стрниште и во атарот на с. Лојане со едно ПП возило и три пожарникари. Екипата била се уште на терен.