Македонија

Пожарникари од Велес упаднаа во стан оти сопственикот го заборавил вклучен шпоретот

Пожарникари од Велес упаднаа во стан оти сопственикот го заборавил вклучен шпоретот

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Велес, во период од 13:10 до 13:45 часот интервенирале, по пријава дека од заклучен стан чади.

Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен, којшто е пронајден и дошол на лице место.

Штети немало направено, интервенирано е на време.

На терен биле 3 пожарникари со 1ПП возило.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни