Македонија

Пожарникарите доброволци на средба со градоначалникот на Кочани, се бара начин за финансирање!

Пожарникарите доброволци на средба со градоначалникот на Кочани, се бара начин за финансирање!

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари официјална средба со претставниците на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

Во присуство на претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, на состанокот се разговараше за унапредување на идната соработка, како и за претстојните активности и проекти на ДПД – Кочани.

Посебен акцент беше ставен на прашањето за начинот на финансирање на друштвото, кое претставува значајна поддршка во функционирањето на системот за противпожарна заштита во општината.

Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани за продолжување на соработката и за натамошна поддршка на доброволните пожарникари, со цел подобрување на нивните ресурси и ефикасност во справување со пожари и други интервенции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни