Плинска боца утринава опожари стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“.
Според информации од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.
Командантот на противпожарната бригада информираше дека е интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.
Пожарот е пријавен во 9.40 часот.