Македонија

Пожарникарот Вацов не отиде на одмор, остана да гаси пожар во Подареш

Пожарникарот Вацов не отиде на одмор, остана да гаси пожар во Подареш

Иако е на официјален одмор до 3 август, пожарникарот Васе Вацов не остана рамнодушен кон потребите на граѓаните и веднаш се приклучи на терен во Подареш.

„Срцето не знае за календари и распоред,“ напиша Васев, истакнувајќи дека кога луѓето се во мака, најважно е да се биде присутен и да се помогне.

Тој нагласи дека помошта не треба да се доживува како обврска, туку како израз на чест, љубов и човечност.

„Останувам овде, со рака на срце и отворена душа. Заедно ќе издржиме, како и секогаш,“ порача Васев.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни