И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера (25 август), доцна попладне, започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет.
Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума.
За да се спречи влегување на пожарот во шума но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.