Македонија

Пожарот во Чучер Сандево изгаснат – хеликоптерот и „ер тракторот“ гаснат пожари кај Дојран и Македонски Брод

Пожарот во Чучер Сандево изгаснат – хеликоптерот и „ер тракторот“ гаснат пожари кај Дојран и Македонски Брод

Хеликоптер од раните утрински часови е ангажиран во гаснење на шумскиот пожар што беснее над селото Николич во близина на Дојран, додека еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување е вклучен во акцијата кај пожарот што избувна над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.

Директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов, изрази оптимизам дека двата пожара би можеле да бидат ставени под целосна контрола во текот на денешниот ден.

– Нашата главна цел денес е пожарот кај Николич, каде теренот е многу стрмен и непристапен. Среќа е што има мала брана од која хеликоптерот постојано зема вода и интервенира на секои три до четири минути. Со ова темпо очекуваме за неколку часа да биде целосно ставен под контрола, а можеби и изгаснат – изјави Ангелов.

Тој додаде дека и кај пожарот над фабриката „Самоков“ се преземаат сериозни мерки со ангажман на авионска поддршка, и изрази надеж дека и таму ќе има позитивен развој до крајот на денот.

Во меѓувреме, утрово е целосно ликвидиран и пожарот кој гореше изминатите три дена во атарот на Чучер Сандево.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни