Пожарот во селото Карбуниште помеѓу Зелениково и Велес е локализиран со дејството на храбрите пилоти со хеликиптерот на МВР, кои во многу брзи и прецизни турнуси полнеа вода од реката во многу тесен простор меѓу високите крајречни дрвја и го гаснеа раширениот пожар во оптимален налет, велат од ЦУК.
„Во меѓувреме до селото се проби едно теренско ПП возило, камјонет со мала цистерна во приколицата. Пожарникарите и мештаните по земја ќе продолжат со дејство согласно условите. Опасноста по селото е отстранета, поточно да бидат зафатени други куќи од пожарот е анулирана…“, соопштија од ЦУК.

