Пожарот во тетовската млекарница е локализиран, повредени лица нема

Пожарот кој изби во тетовската млекарница Хит-73 во тетовското село Камењане, е локализиран по два часа борба со огнот од страна на пожарникарите.

Пожарот бил пријавен во 18:20 часот. На гаснење на пожарот учествувале целата смена, како и оние кои дошле во ноќната смена од 19 часот.

Помагале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.

Густиот чад се гледаше и од Тетово, а жителите се пожалија на непријатна миризба.

Допрва ќе се утврдува штетата.