Двојно убиство се случи вечерва во центарот на Скопје.
„Lajme Nga Bota“ повикувајќи се на полициски извори пренесува дека убиените се Јетон Кривањева со прекар Жила и помладо момче со прекар Лаци.
Инаку, вечерва и официјално се огласија од Министерството за внатрешни работи, кои во соопштение испратено до медиумите откриваат како се случила вечерашната престрелка во скопско Кале.
Во СВР Скопје вечерва во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.