Македонија

Познат идентитетот на загинатиот велосипедист, бил поранешен директор на Охис

Познат идентитетот на загинатиот велосипедист, бил поранешен директор на Охис

Загинатиот велосипедист во денешната сообраќајна несреќа во Скопје е Јорго Ќуќа, поранешен директор на некогашниот индустриски гигант „Охис“.

Несреќата се случила попладнево на булеварот „Илинден“, кога автомобил удрил во велосипед со кој управувал Ќуќа. Според првичните информации, тој се здобил со тешки повреди и подоцна им подлегнал.

Возачот кој го прегазил велосипедистот првично го напуштил местото на несреќата, но бил пронајден и приведен од страна на полицијата.

Јорго Ќуќа беше познат стопанственик и долгогодишен директор на фабриката „Охис“, оставувајќи значаен белег во македонската индустрија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни