Позната тик токерка спреми македонско гравче тавче

Познатата Тик Токерка потпишана како @abir.esag на својот Тик Ток објави видео на кое подготвува македонско тавче гравче.

Имено, видеото следува откако познатата тик токерка доби коментар од следбеник да го направи баш ова јадење.

Покрај видеото, таа се одлучи и за македонска песна, па затоа ја одбра „Ледена“ од нашиот Тоше Проески.

https://www.tiktok.com/@abir.sag/video/7017073492998769921?is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=6981094942642947589

Инаку, според видеата кои се објавени на нејзиниот Тик Ток може да се забележи дека фановите и посочуваат јадење од целиот свет, а таа истите ги подготвува во својот дом.

На нејзиниот Тик Ток профил ја следат повеќе од 4.5 милиони корисници.