Собранието вечерва во 2:40 часот го донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
88 пратеници беа ЗА, додека пак само 22 гласаа ПРОТИВ.
„Констатирам дека Собранието го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Бидејќи е исцрпен дневниот ред, констатирам дека втората седница на Собранието е завршена“, порача Африм Гаши.