Поради прекршување на протоколите за време на вонредната состојба поради ковид протоколите на голем број граѓани им беа изречени парични казни.
Граѓаните осудени на парични казни до и над 1 000 евра, како и оние кои поради неможност да ја платат или не ја платиле во целост таа им била заменета со казна затвор, со донесениот Закон за амнестија казните, и паричните и затворските, им се заменуваат со алтернативна мерка условна осуда доколку во наредните две, односно три годни не сторат друго кривично дело.
Од 1 јануари 2020 година до 30 јуни 2022 година, се наведува, во Основниот кривичен суд Скопје поднесени се 967 казнени налози, со кои се осудени 1 223 лица на парична казна од по 123 000 денари.
Заради неплаќање на паричната казна Основниот кривичен суд има донесено 280 заменски решенија, со кои спрема 280 лица паричната казна е заменета со казна затвор. По истите овие решенија издадени се 205 упатни акти за издржување на казна затвор“.
Според усвоениот Закон, амнестија не е предвидена за правните лица, односно фирмите и за одговорните лица во правните лица кои се санционирани поради непочитување на протоколите за време на пандемијата и кршење на двете одредби од Кривичниот законик.