Македонија

Пратениците ја откажаа седницата за пратенички прашања, ќе продолжат со работа од следната недела

Пратениците ја откажаа седницата за пратенички прашања, ќе продолжат со работа од следната недела

Од собраниската прес-служба денеска информираа дека Собранието ги откажува сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифингот со новинари поради трагедијата во Кочани.

Оваа одлука била донесена на денешната координација одржана во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ, Вреди, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието.

„Присутните консензуално се согласија дека имајќи ги во предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифингот со новинари“, се наведува во соопштението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни