До Собранието се доставени известувања за престанок на мандатите на пратениците Јане Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска и Дејан Проданоски, сите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој потег следува откако тројцата пратеници беа избрани за градоначалници на Локалните избори, што се одржаа на 19 октомври и 2 ноември.
- Јане Мицевски е избран за градоначалник на Општина Сопиште.
- Бети Стаменкоска Трајкоска е новата градоначалничка на Општина Кисела Вода.
- Дејан Проданоски е избран за градоначалник на Општина Прилеп.
Се очекува Собранието, на денешната седница – која е прва по одржувањето на вториот круг од локалните избори – и формално да го констатира престанокот на нивните пратенички мандати.
По заминувањето на тројцата пратеници, нивните места ќе бидат пополнети со следните кандидати од соодветните изборни листи. На местата на Стаменковска-Трајковска и Мицевски ќе дојдат пратеници од Изборната единица 1, додека на местото на Продановски ќе влезе кандидат од Изборната единица 4.
Според најавите, на денешната собраниска седница пред пратениците треба да се обрати и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Теодорос Русопулос.