Македонија

Пратениците сменија шест закони за да немаат дополнително покачување, но старото од 78% останува

Пратениците сменија шест закони за да немаат дополнително покачување, но старото од 78% останува

Пратениците донесоа измените на шесте закони со кои се намалуваат коефициентите на платите на избраните и именуваните лица. Со ова, ќе се стопира растот на платите на избраните и именуваните лица, но им останува минатогодишното зголемување од 78 проценти.

Со законските измени се опфатени околу 1 060 избрани и именувани лица како што се претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

За платите на функционерите кои се именувани директно од Владата и не се опфатени со законските промени, се разгледува законска можност за интервенција со владина одлука, а според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тоа може да се направи и од управните и надзорните одбори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни