Помина една недела од смррта на малата Јана Христовска во болницата во Битола.
Утре во 19 часот на плоштадот Магнолија ќе се одржи протест под мотото „Правда за Јана“.
Протестот е организиран од семејството Христовски, како и роднините и пријателите.
„Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас, драги браќа и сестри битолчани. Но, оваа ми е најтешка, најемотивна и неописиво жална и болна. Битката за барање правда за Јана, за која однапред знаеме дека институционално ја губиме, не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско ‘тоа е’, туку да се обединиме, да кажеме заедно сме посилни, дека нашиот кренат глас е наше право. Тоа е наша појдовна точка, од која треба јасно и гласно да кажеме ‘доста е‘“, пишува Игор Петковски.
Инаку, Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола.
Според исказот на родителите, докторите и ставиле гликоза по што шеќерот ѝ се покачил од 9 на 19.
Извршен беше и вонреден надзор од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, од каде истакнаа дека нема пропусти во лекувањето.