Најпрво се загреваа пред почетокот на мини-маратонот. Облечени како Дедо Мразовци ќе трчаат 2 километри.
Граѓани од различни возрасни групи учествуваа во оваа трка. Тие велат дека не е важно кој ќе победи, туку најважно е учеството и атмосферата на новогодишните празници.
Стартот на трката беше кај Камениот мост. Поминаа кај Порта Македонија до МНР и се вратија повторно кај стартната позиција кај Камениот мост.
Од момчињата најбрз беше Никола Таневски, додека од девојките Рената Соколовска. Над 100 Дедо Мразовци учествуваа во трката во трчање, а главниот услов за учество беше учесниците да бидат облечени во униформа на Дедо Мраз која ќе ја носат до крајот на трката.
Ваков мини-маратон се организира по петти пат.
РЕПОРТЕР АФРИМ ЈОНУЗИ
