Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на прес конференција посочи дека нема да биде историски триумф доколку го прифатиме францускиот предлог.
Според него, нема да биде ниту историски неуспех.
„Според мене, станува збор за транзационен компромис за една од фазите на европската интеграција во која три елементи се важни и затоа предлогот според мене, во овој формат, во оваа фаза е прифатлив“, вели Пендаровски.
Пендаровски вели дека со предлогот се крева бугарската блокада која трае веќе две години и дозволува формално отворање на преговорите.
„Второ овозможува скрининг процес што е задолжителна фаза пред преговорите за кластерите, порано поглавјата, и третото кое е најважно со ништо не го поткопува македонскиот идентитет“, додаде Пендаровски.