Македонија

Предложен притвор за осомничен 25 годишник за силување во струмичко

Предложен притвор за осомничен 25 годишник за силување во струмичко

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на оштетена во селото во кое престојувал додека таа спиела и врз неа извршил полов напад.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни