Вчера во кафеана во скопско Драчево се случил инцидент.
во 12.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Драчево, Б.С.(24) од Скопје бил физички нападнат од А.И., а М.Н.(23) од Скопје бил физички нападнат од Т.Ѓ. и К.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Слична ситуација се случила и рано утрово кога околу 1:30 по полноќ
Во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.М.(31) и В.Т.(34), двајцата од Скопје, информира полицијата.
Тепачка имало и во казино во скопски Центар.
Ж.Д.(29) од с.Петровец, скопско, пријавил дека пред казино на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Х.Ј.(48) од Скопје.